Press "Enter" to skip to content

Утрово, по повод Божик, света Божествена литургија во црквата “Света Недела“ во Битола (фотогалерија)

На првиот ден на Христовото раѓање, Божик, вторник, 7 јануари, 2025 година, во црквата “Света Недела“ во Битола свештениците Отец Пенчо и ѓаконот Александар, одржаа света Божествена литургија.Посебна радост за свештениците и за верниците беше тоа што на Светата литургија присуствуваа голем број на верници, можеби во најголем број досега на Божик, посебно млада популација, кои кои претежно живеат во овој дел на градот, а и присутни беа и други кои беа дојдени во црквата од другите делови на Битола.Ѓаконот Александар го прочита пред присутните и Посланието на Владиката Петар, каде беа посочени актуелните проблеми на денешницата, а тука беше речено за работите кои не одвраќаат од Верата, а тоа се прави на разни начини.-Светлина што ја победи темнината, блесна од длабочината на вечноста, кога небесата се спуштија на земјата. Таа Светлина е Словото Кое што стана Тело! Таа Светлина е Новороденче, Младо Дете, Предвечниот Бог! Денес Бог стана Човек! Синот Божји стана Син Човечки! Денес се роди Оној Кој е Алфа и Омега, Оној Кој ја носи љубовта во Својата суштина и мирот во Своето битие – се роди Христос нашиот Бог и Спасител!, беше прочитано од Посланието.Отец Пенчо ја кажа и молитвата за Светата Причест, а потоа со причесна ги послужија верниците кои ги одржаа Божиките пости. На крајот од службата присутните беа послужени и со нафора, за нивно здравје и на нивните блиски.-Ме радува тоа што денес има најмногу верници во црквата. Има многу деца, а секако нив го донесоа нивните родители, баби и дедовци, што е за поздраваување. Инаку, денес е голем ден, го славиме Христовото раѓање. Јас сум тука редовно во црквата, ќе “кренам“ и лепче за здравје за нашата денешна славам. Редовно ја слушам Божикната литургија, а се и во наредните денови ќе доаѓам. Нека дојдат сите, нека не седат дома, нека дојдат во црките, да слушаат литургии и да се помолат за прво за здравје на сите и за спасение на сите, ни рече Благој.Богослужби во црквата “Света Недела“ ќе се изведуваат и наредните денови, а свештениците ги поканија верниците да присуствуваат на сите, за заедно да го слават Христовото раѓање.На верниците, свештениците им порачаа дека на овие денови се слави Христовото раѓање, а не смрта и воскреснувањето, па затоа не треба да се посетуваат гробовите на мртвите. Но, најголем број на битолчани денес се упатија кон гробовите на своите најблиски.Верниците кои за куќна слава го имаат Божик по завршувањето на Службата “кренаа лепче“ за здравје.

Текст и фото: С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »