На 08.01.2025 во 03.00 часот на ул. “Виенска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода лице од Битола затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 07.01.2025 во СВР Битола било пријавено дека во 21.50 часот на ул. “Игњат Атанасовски“ во Битола три лица на возраст од 28, 48 и 27 години, сите од Битола, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






