Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријави за физички напади и каснување од куче скитник

На 12.01.2025 во 19.45 часот во Полициското одделение Новаци, Ф.К. (30)  од с.Новаци пријавил дека во спортската сала во село Новаци бил физички нападнат од малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 12.01.2025 во 13.00 часот во СВР Битола, Р.Д. (53) од Битола пријавил дека во угостителски објект на ул. „Широк сокак” во Битола бил физички нападнат од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 12.01.2025  во 10.00 часот во СВР Битола, М.Ј. (50) од Битола пријавила дека на ул.„Даме Груев” во Битола, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »