Press "Enter" to skip to content

Фото вест: битолчани на Светско дел од Фалангата, огнено го најавија пристигнувањето

Денес, вторник, попладнево, традиционално пред “Лук Оил“ во Битола, како и пред секое големо ракометно натпреварување, љубители на ракометот од Битола и верни навивачи на македонската ракометна репрезенација, повторно традиционално заминаа да ја бодрат македонската ракометна репрезентација.

Овој пат, дестинација е Вараждин, Хрватска, Светското ракометно првенство, кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка кое започна денес, а ќе трае до 2 февруари ,а пред заминувањето, екипата која е повторно во скоро ист состав рекоа: -Овој пат  се враќаме на местото каде што започнавме со бодрењето на македонската репрезентација како дел од македонската Фаланга. Имаме посебни спомени од Вараждин и Хрватска, а се надеваме дека ќе си поминеме поубаво од првиот пат. Ние сме неизоставен дел од сите големи ракометни настани од 2009 година. Од кога ја следиме и навиваме за македонските ракометна репрезентација. Подготвени сме и овој пат да бидеме најголема група и повторно да оставиме трага на трибините во Хрватска, а македонското знаме со Битола во средината повторно ќе биде на трибините и екраните.

Оваа битолска “екипа“ овој пат со “бакљада“ го најави патувањето за Хрватска и овој пат очекуваат добра игра на нашите, добро дружење во следните шест дена, а зошто да не и радост после победа.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »