На 15.01.2025 во 17.00 часот во СВР Битола, М.Д. (36) од Битола, вработена во финансиско друштво во Битола, пријавила дека едно лице со закана со огнено оружје и побарало пари, по што физички ја нападнало, а откако го вклучила алармот го напуштило местото. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 15.01.2025 во 20.45 часот на ул. „Гоце Делчев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 15.01.2025 во 19.00 часот во СВР Битола, Љ.В. (56) од Битола пријавил дека на ул.„Гоце Делчев” во Битола настанал пожар во неговата куќа. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на СВР Битола.






