“Bitolanews“ во Вараждин, Хрватска
-Македонија како да играше во Битола – 3.000 Македонци на трибините во Вараждин, од нив најголем битолчани кои поминаа 1.ооо километри од Битола до тука, а според реакциите никој не зажали, ни за возењето, ни за парите, ни за потрошеното време…, но имаат да жалат за бодот против Унгарија и да се жалат за судењето вечерва.
-“Фалангата“ со нов рекорд, Македонците ги надвикаа околу 200 Холанѓани, кои за жал се радуваа на крајот.Ракометната репрезентација на Македонија забележа прв пораз во второто коло од групната фаза на Светското првенство во Хрватска, откако загуби од Холандија со 37:32, полувреме 18:15) во “Арена Вараждин“ во Хрватска, пред 3.000 македонски навивачи, најголем број од Битола.
Македонија поведе на стартот со 0:1, но Холанѓаните дојдоа до 4:2, а потоа и 5:4, израмнивме на 5:5, но брзо ни вратија за 6:5. Се играше егал во следните минути, а Македонија поведе со 8:9). “Лалињата со игра “брз центар“ доаѓаа до лесни голови и изедначија на 11:11. Петар Атанасијевиќ наивно направи фаул во трчање и доби црвен картон, а Холандија го казни тоа и дојде до водство 16:13 на три минути пред крајот на првиот дел. На полувреме се замина со три разлика за Холандија 18:15.
Второто полувреме го започнавме со две грешки и беше +5 за Холандија (20:15). Македонија намали на 23:20, а потоа беше 23:21. Набрзина Холандија дојде до 25:21, а вративме за 25:23. Стигнавме и до 27:25. Следеа исклучувања на двете страни и два нови гола на “лалињата“ за одново да биде -4 за нас, но одржувавме негатива од три гола на влезот на последните шест минути.
Во завршницата од средбата Холанѓаните речиси рутински го одбранија стекнатото водство, а имаа „помош“ и од данските судии кои ги казнија сите наши грешки. Имавме и втор црвен картон, овојпат за Лазаревски. Со головите на Серафимов и Кузмановски во два наврати се враќавме на -2, но ривалот ги казнуваше сите наши грешки. Не успеавме да ја анулираме негативата и претрпевме прв пораз на овој светски шампионат.
По средбата судиите од Данска, Мадс Хансен и Јеспер Мадсен оправдаано се најкоментирани, кои со неколку контроверзни одлуки го навлекоа гневот кај нашите навивачи.
Но, кулминација на сè беше непочитувањето на Холанѓаните и Данците кои го покажаа по самото завршување на средбата. За време на церемонијата на прогласувањето на најдобрите на натпреварот, противникот и судиите заедно со трчање побегнаа од теренот и дополнително ги налутија македонските фанови.Селекторот Олсон дури и сакаше да се пресмета со македонските фанови, кои со свирежи го испратија него и неговите ракометари од теренот.
Најефикасен во тимот на Македонија капитенот Филип Кузмановски со 9, Серафимов со 6, а Митев постигна 4 гола.
3.000 Македонци со аплауз и песна ги испратија ракометарит во соблекувалната со желба за победа во недела и пласман во вториот круг, и останување во Вараждин до 26 јануари, а трибините вечерва беа во обоени во црвено-жолто.