Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: панихида за Павел Шатев (фото)

-Повеќе од 15-тина година во Битола во Светонеделските гробишта се одржува панихида за најпознатиот гемиџија и првиот министер за правда во асномска Македонија, Павел Шатев, така беше и пред 10 години, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Панихата во 2015 година беше во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, на гробот на револуционерот кој се наоѓа во Светонеделските гробишта во Битола, на човекот кој ставајќи пеколна машина на парабродот “Гвадалкивир“ во Солунското пристаниште во 1903 година и палејќи го слободарскиот факел кај Македонците го сврте вниманието на светот за положбата на Македонците.

-Значењето кое го има Павел Шатев во решавањето на македонското национално прашање, целиот негов живот посветен на татковината и на ВМРО, солунските атентати и гемиџиите, се само еден дел од животот и делото, кои не ни дозволуваат да ги заборавиме. Целовековната борба која тој ја посветил за независна Македонија и нам ни наложува, денес да се бориме за создавање на една современа држава, Република Македонија беше истакнато на панихидата.

Во 1949 година Павел Шатев бил уапсен како потенцијален државен непријател. Подоцна тој бил малтретиран и измачуван. Во 1951 година умира во Битола.На комеморацијата за ликот и делото на Павел Шатев пред поголем број членови на Унијата на млади сили и симпатизери зборуваше историчарот Ѓорги Чекутков.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »