Вечерва во 19 часот во Центарот за култура во Битола се одржа свечената академија по повод 80 години настава на современ македонски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“- Битола. Претставата за свечената академија беше насловена „Експериментум Македоникум“.
Преку драмска игра беше испратена пораката дека нашата литературна историја е дел од светската литературна историја, и дека преку поезијата нашиот литературен и национален идентитет најбрзо влезе во идентитетот на народите на светот. Во претставата искористена беше поезијата на Блаже Коневски, Радован Павловски, Анте Поповски.
Експериментум Македоникум“ нагласува дека низ историјата можеби се правеле парадокси и неправди кон нашиот народ во обидот да се наметне друг идентитет, меѓутоа ние веќе 80 години живееме со потврден идентитет, со јасна цел дека ние сме граѓани на светот и треба да ги задржиме своите луѓе на сопственото тло“ изјави професорката по македонски јазик Даниела Петровска.
Со низа свечености битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ го одбележа големиот јубилеј 80 години настава на современ македонски јазик, а вечерва со свечената академија заврши одбележувањето на јубилејот. После свечената академија се одигра и претставата насловена „Експериментум Македоникум“.
Претставата ја подготви групата „Анима 4“ ученици од Гимназијата.
Режисер на текстот е ученичка од трета година од Гимназијата Веда Мавровска под менторство на професорките по македонски јазик Даниела Петровска и Симона Петровска.
Фото: Дамијана Ристевска






