Press "Enter" to skip to content

Технички факултет и ФИКТ дел од конзорциумот на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ

Техничкиот факултет и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола, единици на УКЛО, се меѓу десетте партнери од државата учесници во конзорциумот на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ, финансиран преку повикот DIGITAL-2023-EDIH-04.

Како што е познато, ИНОФЕИТ при ФЕИТ од УКИМ, станува дел од европската мрежа на дигитални иновациски хабови, создавајќи нови можности за компаниите, јавните институции и истражувачките организации за поддршка на нивната дигитална трансформација.

УКЛО на настанот беше претставуван  од ректорот проф. д-р Игор Неделковски и деканите, проф. д-р Митко Костов и проф. д-р Благој Ристевски од Техничкиот факултет и Факултетот за информатички и комуникациски технологии. Овој дигитален иновациски хаб ќе ги поврзува најновите технолошки достигнувања од академијата, со реалните потреби на нашите компании и јавниот сектор и ќе игра клучна улога во совладување на јазот во напредните дигитални вештини, посебно во областите на вештачката интелигенција и роботиката.

Претставниците на УКЛО во нагласувањето на суштинското значење на ИНОФЕИТ истовремено го искажуваат и задоволство дека две едници на УКЛО се партнери кои учествуваат во конзорциумот на овој проект.

Официјалното отворање на првиот Европски дигитален иновациски хаб во државата ИННОФЕИТ ЕДИХ  се одржа на 31.01.2025 година.

More from ВестиMore posts in Вести »