Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: поставена нова редизајнирана ограда на мостот кај Безистенот

Пред 10 години, како што е и насловот на оваа моја рубрика, која ја пишувам повеќе години, започна реализација на проектот “Редизајнирање на мостот на реката Драгор под Безистенот“, односно на тогаш најновиот и најширок мост во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.

Со оваа реконтрукција мост доби заштитна конструкција со други содржини клупи на двете страни и осветлување. За оваа немера на Општина Битола пристигнаа повеќе решенија од кои за овој мост беше избрано најдоброто.-Инаку редизајнот на мост број 8 или мост под Безистен е направен од челична конструкција, од метални пиластри со променлив пресек и секундарни пиластри, и ободна конструкција која ја држи лушпата што е од бескоморен поликарбонат. Мостот, исто така, ќе има и илуминација која ќе биде во жлебовите во ободната конструкција, а ќе биде осветлен од двете страни, бочно од реката, така што ќе се гледа и контурата на самиот мост. Предвидени се и клупи за седење и жардиниери кои соодветно ќе се вклопат во целата конструкција, рекоа тогаш  од општина Битола.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »