-Преку правилна проценка на ризиците може да се преземат соодветни мерки преку кои подготвено би дочекале ситуација во која непосакуваните околности предизвикуваат финансиски штети, вели д-р Јасмина Димитровска – Босилкова од СН Осигурителен Брокер АД Битола. Таа посочува дека осигурувањето е ефикасна алатка за заштита од непредвидени финансиски издатоци.
Како да се избегнат ризиците или како да се справите со нив? Ова е главното прашање кое осигурениците си го поставуваат кога избираат со каков тип на осигурување да се заштитат од последиците кои ги носат ризиците кои се составен дел на животот, вели д-р Јасмина Димитровска – Босилкова од СН Осигурителен Брокер АД Битола.
„Многу е важно правилно да направите проценка на ризиците и да преземете соодветни мерки преку кои подготвено би дочекале ситуација во која непосакуваните околности предизвикуваат финансиски штети. Тоа значи дека треба да се идентификуваат ризиците и да се применат мерки со кои последиците од тие ризици ќе се минимизираат. Се поголем број граѓани се свесни дека може да се осигураат од ризици со префрлање на товарот на ризикот склучувајќи договор за осигурување. Затоа велиме дека осигурувањето е моќна алатка која овозможува управување со ризици, нивна проценка и заштита од штети.“-вели таа.
Исто така, треба да се знае разликата меѓу опасност и ризик. И двата зборови во секојдневнието се користат како синоними, но меѓу нив постојат разлики. Имено, опасноста опишува состојба која може да има штето дејство, како што е на пример пожар, поплава, опасност од лавина или слично. Ризикот е веројатноста опасноста реално да се случи, помножена со можниот обем на загуба.
„Најдобриот начин да се заштитите е да научите да ги контролирате ризиците. Осигурувањето е таква алатка преку која се проценуваат ризиците и се склучува полиса, односно се избира пакет кој е најблизок до индивидуалната ситуација на осигуреникот. Многумина се разбира не можат сами да ги проценат сите можни ризици и не знаат кој осигурителен продукт е најсоодветен за нивните индивидуални потреби. Но, за таа цел можат да се искористат осигурителните професионалци. Доколку користите услуга на брокер таа услуга не само што е бесплатна, туку брокерот е запознат со целокупната пазарна понуда на осигурителени продукти и најдобро може да ве советува каков осигурителен продукт е најсоодветен за вашите индивидуални потреби.“- вели таа.
Но, зошто ви е потребно осигурување. „ Ризикот може да биде висок, мал или занемарлив. Секој човек се соочува со ризици во секојдневието и секој ги оценува тие ризици, со цел да преземе заштитни мерки. За да биде проценката на ризикот ефективна потребно е да се научи да се согледуваат различните перспективи и да се користат искуствата на другите. Кога имате осигурување тоа значи дека можете да сметате на финансиска поддршка во тешките моменти, а животот е исполнет и со убави и со неубави случувања. Добро е да имате поддршка тогаш кога таа најмногу ви треба.“-вели Димитровска – Босилкова.
Појаснува дека осигурувањето е пренос на ризикот од осигуреникот врз осигурително друштво, со плаќање на премија за осигурување. „Тоа практично значи дека без осигурување во таквите случаи сте препуштени сами на себе. Но, кога имате осигурување тоа значи дека имате партнер кој ви овозможува финансиска поддршка во тие непредвидени околности. Веќе со години наназад осигурителниот пазар во Македонија бележи позитивен тренд на пораст, кој се должи на два фактори. Првиот фактор е растечката свест на граѓаните за предностите и бенефитите кои ги носи поседувањето на полиса за осигурување, додека втор фактор е богатата понуда на доброволните видови осигурување, покрај задолжителното осигурување.“- вели таа.
Појаснува дека сите тековни понуди и акции граѓаните може да ги следат на веб страната на СН Осигурителен Брокер АД Битола www.snbroker.mk, како и на телефонот 15 770.






