Денес, во Офицерски дом во Битола се одржа На 3. средба на Регионалната платформа на млади која се одржа во рамките на проектот “Младински политики по мерка на младите“ имплементиран од “Про Локал“ од Битола преку програмата “Цивика Мобилитас“.
На средбата на која присуствуваа присуство на амбасадорот на Швајцарија, г-ѓа Вероник Улман, градоначалници од Пелагонискиот регион, претставници на општинските совети, граѓанскиот сектор и, најважно, младите од сите 9 општини, членовите на Регионалната платформа.
Пред присутните беа презентирани проблемите но и потребите со кои младите се соочуваат во 3 области: локален економски развој, заштита на животната средина и здравствена и протовпожарна заштита, дебатираа и усвоија мерки и препораки со кои директно се унапредуваат младинските состојби во сите општини и во рамки на надлежностите на локалната самоуправа.
Еден од проблените, а во овој момент и најактуелен е иселувањето на младите и не враќањето во земјата, бидејќи државата без нив го нема талентот и критичната мисла.
-Многу млади луѓе ја напуштаат државата, заминуваат да учат во странство и најчесто не се враќаат тука. Анализи се правени зошто младите си одат, а ќе кажам две причини кои најчесто се споменуваат кога младите ги интервјуираат. Првата, дека тука не гледаат перспектива, а втората дека не се вклучени во процесите на носење одлуки и не можат да прават избори и не се вклучени во политиката или во работата на Општините и општеството, рече амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, на денешната конференција.
Емилиа Героска, претседателка на Здружението „Про локал“ кои се носители на проектот на денешната конференција рече:
-Во анкета во која учествуваа 500 млади укажаа дека менталното здравје е проблем број еден во регионот во рурални места или по градовите. Младите, во повеќе од десетина предлог-мерки, предлагаат да се креира он-лајн советувалиште, каде лиценцирани психолози преку социјалните мрежи или он-лајн канали ќе им бидат 24 часа достапни на младите. Предложени се и други мерки од областа на животната средина, здравствената и противпожарната заштита… А токму, регионалната “Платформа за Млади“ е иновативен механизам кој овозможува младите активно да учествуваат во процесите на одлучување и да придонесат кон креирање на политики по нивна мерка, како и што е денес.
И градоначалникот на Битола се осврна на проблемот дека во Пелагонискиот Регион во последните две децении има нагорен тренд на иселувањето на младите и додаде:
-Нам кои се занимаваме со политика ни е јасно дека младите имаат силна недоверба кон институциите и за нив тезата дека системот се менува однатре е речиси недопирлива и затоа помалку од 18 проценти од младите се вклучени во носење одлуки на локално ниво. Сакаме овој процент да оди во нагорна линија. Младите да имаат реална можност да бидат вклучени во креирањето на локални политики и решенијата кои ќе се имплентираат навистина да ги отсликуваат нивните потреби во зависност од местотот во кое што живеат, како што се современата едукација, културна инфраструктура, јавниот транспорт…
Проектот е финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку “Цивика мобилитас“.

Регионална платформа на млади, на 3. средба презентирани проблеми и потреби (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Томас Спасе Трпчевски, 17 годишен фудбалер во Мелбурн, Австралија: од Мелбурн преку Битола и Белград до европски клуб (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 11 степени
- Денес е Свети Климент, патрон на македонската православна црква
- Фото вест: пред десет дена поставен, викендов скршен кошот кај “Областа“, нема крај на вандализмот во Битола
- Мултисензорната изложба “Допир на уметноста 2025“ во Музеј Битола (фотогалерија)





