Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ехото во дијагностицирање на хиперспленизам и спленомегалија, за што вели:
-Слезинката е лимфоретикуларен инкапсулиран орган расположен над левиот бубрег под дијафрагмата Ултрасонографски најдобро се визуелизира во десна бочна позиција на пациентот со нормална должина до 110 мм и ширина до 50 мм на трансверзала пресек,значаен за отстранување на микроорганизми од крвта, учествува во имунолошката одбрана во отстранување на променети и оштетени еритроцити (српестоклеточна анемија, хемолитични анемии) леукоцити и тромбоцити од крвта, учествува во регулирање на порталната циркулација.
Руптура на слезинката настанува најчесто со траума или метастази, тумори и има знаци за акутен перитонитис и “free fluid“ околу слезинката бара итен хируршки третман, инфарктот на слезинката се карактеризира ехографски со триаголна по форма хипоехогено зона и отсутна васкуларизираност на колор доплер најчесто последица на српестоклеточна анемија, леукемии.
До зголемена слезинка -splenomegalia и зголемена функција (панцитопеноја во периферна крв со спленомегалија) односно хиперспленизам можи да доведат инфекции како бактерии, сепса, маларија, хив, бруцелоза ТБЦ, малигни заболувања како леукемии, хоџкин и нон хоџкин лимфоми, сферицитоза елиптоцитоза, хемангиоми, цисти, системски заболувања како СЛЕ реуматоиден артритис, саркоидоза амилоидоза, нарушена циркулација кај лиенална тромбоза и портална хипертензија – црнодробна цироза итн.
Лекувањето на основното заболување е најбитно со опција за хируршко отстранување на слезинката- спленектомија особено кај вродена ИТП, појава на симптоми со хиперспленизам вродена сферицитоза.