По убавиот гест на Велчо Петровски – Папал кој во знак на добредојде на јапонскиот интернационалец во фудбалски клуб Пелистер, Такахара, денес како знак на благодарност Јапонец се сретна со Папало на Широк Сокак.
-Такахара е одлично момче, добро се претстави вчера пред публиката во Битола и малку фалеше да постигне и гол за Пелистер и ние да освоиме три бода. Му посакав убав престој во Битока, да биде дел од нас, а секако и да постигнува голови. Посебно ми остави впечаток кога беше заменет при крајот на натпреварот на центар му се поклони на соиграчите и публиката, рече Папало по средбата.Такахара се заблагодари на убавиот гест, рече дека му се допаѓа Битола иако е само кратко време во нашиот град, и посочи дека е одлично прифатен во клубот, од фудбалерите и стручниот штаб, и од сите битолчани со кои контактира.
Папало и Такахара се договорија кога ќе го постигне првиот гол во дресот на Пелистер да одат на ручек каде Папало ќе му го претстави македонските специјалитети.
С.Ристевски