Press "Enter" to skip to content

Костелиќ на Пелистер, на средба со членовите на СК Пелистер (фото)

Присуството во Битола на доделување на наградата за животно дело која му додели Сојузот на спортови на Битола, Анте Костелиќ, големиот скијачки тренер, го искористи и за посета на Пелистер.

На Пелистер се сретна со претседателот на СК Пелистер, Митко Милевски и тренерите, а нивната среба, на ски-патеката “Копанки“ и на чај во хотелот “Молика“,  која треше околу два часа помина во разгорот за скијањето, за големите скијачки натпревари, за неговото скијање на ски-патеката “Копанки“…Митко Милевски вели дека се израдувале на посета на големиот Костелиќ кој ги создаде скијачките шампиони Јаница и Ивица Костелиќ. На средбата разговаравме за големи идеи, за големи потфати, но ни откри и некои мали работи кои во скијањето се многу битни. Упативме и покана до неговиот син Ивица да биде наш гостин и да биде дел од неговиот план за слободно скијање.Анте Костелиќ се потсети на убавите денови поминати на Пелистер, како тренер на ракометарите кои се подготвувале на падините на планината, поминал многу километри во трчање и пешачење, а во зима се скијал и уживал.

-Имате одлична патека, која секој би ја посакал, а започнува на фантастични 1.400 метри. Со стрмна патека, со убав снег и услови за скијање и за тренинг, ќе ви нема крај, рече Костелиќ.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »