Press "Enter" to skip to content

УКЛО КОЛОРС тимот  го претстави Smart CityZen – паметен граѓанин – решение за инклузивно општество

Колабораториумот за инклузивно општество за трасирање со искуства од прва рака на УКЛО КОЛОРС, учествуваше на првиот Климатон во Битола – хакатон за борба против климатските промени. УКЛО КОЛОРС тимот ја оформи и претстави својата идеја за Smart CityZen – паметен граѓанин, концепт кој  придвижува. Станува збор за концепт за „преместување“ на  децата, младите и сите граѓани од пред компјутер и мобилен телефон –  кон пешачење, трчање и унапредување на трасите за инвалидски колички, патеките за велосипеди и за родители со бебешки колички низ целиот град, притоа, намалувајќи го користењето на фосилни горива и загадувањето на воздухот, базирано на gamification – од Роблокс играта Dress to impress. 

Идејата за создавање инфраструктура што ги поврзува технологијата, човечките ресурси и инклузивните политики за постигнување на поефикасно општество доби физибилна форма благодарение на извонредните ментори кои веќе се подготвуваат за следниот круг активности за инкубација преку колабораториумот за Фер транзиција (Just transition) на УКЛО КОЛОРС оваа година. Концептот комплетно го следи основниот принцип на КОЛОРС Алијансата на тројна транзиција – општествена, зелена и дигитална. Станува збор за општествени предизвици – пристапност, инклузија, квалитет на живот, совесност и свесност, што би се адресирале со форма на социјално претпријатие кадешто крајните корисници се граѓаните и општеството, а решението содржи зелени и дигитални елементи.Почитувајќи го вториот основен принцип на алијансата КОЛОРС: вклученост на сите различни стејкхолдери, УКЛО КОЛОРС тимот е оформен од студенти на сите циклуси, асоцирани партнери, професори и стручен кадар, јуниор – соработници од училиштата и тоа: – (студент, магистерски) Симона Јовеска, Факултет за биотехнички науки, Општина Битола – асоциран партнер на УКЛО КОЛОРС  – (студент додипломски) Петар Митревски, ФИКТ, УКЛО КОЛОРС – (студент додипломски) Борис Гушевски, Технички Факултет, УКЛО КОЛОРС – (студент додипломски) Илија Василевски, Правен факултет, ООУ Елпида Караманди Битола, УКЛО КОЛОРС – (УКЛО ФМ радиоемисија и креативни видеа за млади, креатор на gamification, лого и промо видео) Ноела Нечкоска, #coloursjuniors УКЛО ФМ, ООУ Елпида Караманди Битола, УКЛО КОЛОРС – (графички дизајн) Здравка Мирчевска, Ректорат, УКЛО КОЛОРС – (ментор, концепт и координација) проф. д-р Рената Петревска Нечкоска, академски раководител на УКЛО КОЛОРС.  На настанот менторираше и проф. д-р Наташа Табаковска, од ФИКТ и УКЛО КОЛОРС Student Entrepreneurship Center.

Според УКЛО КОЛОРС тимот, важната научена лекција при трасирањето инклузија од прва рака во целокупната работа на колабораториумот за инклузивно општество е заложбата за фактичка инклузија на лица без и со физичка попреченост. Тимот соработуваше хибридно и во простории на УКЛО каде што има пристапна рампа како што е Правниот факултет во Битола. И покрај сите напори на организаторите и домаќините за пристапност на настанот што се одржуваше два дена на ФИКТ, сепак, не постоеја услови за физичка пристапност на лице со инвалидска количка, па учесничката можеше да биде присутна онлајн. Сето тоа беше голем предизвик за сите во тимот, за уште поголема посветеност кон проблемот и констатација дека кон решенија се настапува преку взаемна кокреација. Тоа претставува повик за унапредување на реална функционалност и пристапност до постоечките кацитети на единиците на УКЛО, со што се надминуваат формалните и начелни определби- бидејќи  само така ќе ги негуваме и унапредуваме потенцијалите на нашите студенти и соработници кои се многу повеќе од „гласот од компјутерот“ – како што вели рекла учесничката Симона Јовеска, магистранд на УКЛО и советник за социјални услуги за ранливи групи во Општина Битола, асоциран партнер на УКЛО КОЛОРС.Во рамките на презентацијата, младата иницијаторка на #COLOURSjuniors, радиоводителка на емисијата за деца и млади Слушнете неее!, Ноела Нечкоска, го изработи логото и промотивното видео со образложение за Smart CityZen што е достапно за прегледување  https://www.youtube.com/shorts/OQIhv8LjcHMИнаку, #Climathon Битола e организиран со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан, имплементиран од CEED Hub Skopje, во партнерство со Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Општина Битола.

https://ceedhub.mk/climathon-2024/ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1134255365156868&set=a.806531537929254

More from ВестиMore posts in Вести »