Press "Enter" to skip to content

Во Битола европски настан за раскажување приказни “Sasas Jekhvar Jekh“ (фото)

Вчера во Europe House во Битола е одржа незаборавен Европски настан за раскажување приказни „Sasas Jekhvar Jekh – Некогаш… и сега“!  Овој настан е дел од Еразмус+ проектот, собра раскажувачи, истражувачи и културни ентузијасти од Македонија, Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција.Преку традиционални ромски бајки, дискусии и презентации, ја прославивме богатото културно значење и значењето на усното предание. На вчерашниот настан „Sasas Jekhvar Jekh – Некогаш… и сега“, имавме чест да слушаме и да научиме од некои од најистакнатите говорници кои ги поделија своите знаења, искуства и инспирации.Фатма Бајрам Аземовска – Советник библиотекар, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, која ја отвори церемонијата и ги поздрави присутните, истакнувајќи ја важноста на овој проект за зачувување на ромската култура и бајките како дел од европското наследство.М-р Емилија Стефановска Давкова – Директорка на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, која ја истакна важноста на зачувувањето на ромската култура и бајките како дел од европското наследство. Снежана Петровска – Претставничка на Општина Битола, која со гордост го изрази значењето на овој настан за културната размена и изградбата на поинклузивно општество.Роналд Шункнехт – Менаџер на проектот од НВО „Југендстил“, Германија, чија посветеност и лидерство во проектот овозможија создавање на европска платформа за ромските бајки. Потоа Изабел Јан – НВО „Контакти за Европа“, Германија ги поттикна учесниците да ја ценат културната размена и меѓукултурниот дијалог.Јелена Петровска и Бланка Чаби – Претставници на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и НВО ХЕДА од Унгарија кои ја презентираа монографијата за ромски бајки и едукативните материјали за раскажувачи.Евангелија Мама, Викторија Михајловска, Анка Фотин, Силвија Строе, Угур Челик – претставници од различни земји кои ги споделија своите искуства и организирани настани за раскажување приказни во нивните заедници. Нивните говори ни донесоа нови перспективи и ни го открија значењето на приказните во современиот свет, а без наградени и просветни работници.Овој настан покажа дека приказните не само што го носат нашето минато, туку и ја градат нашата иднина.

More from КултураMore posts in Култура »