По повод светскиот ден на туристичките водичи, македонската асоцијација на туристички водичи и придружници (МАТВП) секоја година организира тура за граѓаните на Битола.
Оваа година како и во последните четири, турите ќе започнат од две локации.
Првата во 11 часот пред Музејот на Град Битола, а втората од пред Саат Кулата во 12 часот.
Ваши лиценцирани водичи ќе бидат нашите сограѓани со долгогодишно искуство во оваа дејност, Горан Пинза и Исидор Балојани.
Дојдете да се дружиме, можеби научите и нешто ново и интересно, но и да слушнете како тие го претставуваат Градот пред многубројните гости