Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: анкета за директно вклучување на граѓаните во реализација на приоритетите

Општина Битола има изготвено проектна документација за реализација на голем број проекти. Со цел утврдување на најприоритетните за реализација, според потребите на граѓаните, општината објави анкета на која граѓаните можат да изберат што им е најважно.

Со пополнување на анкетата секој граѓанин има можност да даде и свои предлог проекти, кои ќе бидат земени предвид при изработката на идните програми.

Анкетата ќе биде отворена до 28.02.2025 година и можете да ја пополните преку следниот линк https://www.bitola.gov.mk/anketa/

Резултатите од анкетата ќе бидат јавно објавени.

More from ВестиMore posts in Вести »