Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: вчера 499 исконтролирани возила и возачи, 120 возачи возеле побрзо од дозволеното

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (20.02.2025) продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата . Притоа, вкупно беа издадени 181 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 48 платни налози. 

Според статистичките показатели од вкупно 499 исконтролирани возила и возачи, прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат така што евидентирани се вкупно 120 прекршоци, притоа откриени се 15 возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 5 возачи кои што управувале нерегистрирани возила.

Покрај ова изречени се и 3 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 3 по основ на говорење на мобилен телефон при возење, откриени се и 21 непрописно паркирани возила.

Сообраќајните контроли на СВР Битола продолжуваат и во наредниот период при што апелираме до возачите и пешаците да ги почитуваа сообраќајните правила и прописи.