Press "Enter" to skip to content

Јошката го одржа ветувањето, им подари дрон на пожарникарите во Битола

Ветувањето дадено од Никола Симоновски – Јошката на концертот кој го одржа на Ракометното игралиште во Битола, насловен “Срцето и душата 30 години за Битола“ деновиве го исполни.

Јошката на концертот кога со пријателите, естрадни уметници го одбележа својот јубилеј 30 години на естрадата, кој траеше 3 часа, а просуствуваа 2.000 битолчани, рече дека приходот ќе биде за хуманитарни цели, а пошарникарите од Битола ќе им подари дрон, за нивното несебично гаснење на пожарите изминатото лето.

Инаку, Николче Симоновски – Јошка од Битола живее во Перт Австралија и се занимава со музика, свирки, концерти, фамилијарни веселби… и соработувам со многу естрадни уметници од Македонија, но и од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска…

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »