Како и секоја година во организација на Сојузот на спортови на Битола во ресторанот “Белведере“ се одржа традиционалниот избор на спортист на Битола за 2014 година, а спортист на Битола за таа 2014 година беше Дијана Неделковска од кунг-фу клубот Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доејен на битолското новинарство.Второ пласиран беше моторциклистот Борче Костов, а на трето место неговиот помлад колега Христијан Илијовски.
Како претседател на Сојузот на спортови на Битола, наградите на најуспешните им ги додели Димче Миновски, а наградите ги примија спортистите и членови на раководствата на наградените клубови.
–Оваа година ни се повторува истото како и изминатите години. Имаме голем број на младинци од поединечните спортови, а имаме и голем број на младинци од големите спортови, како фудбалот, ракометот, како и женскиот ракомет и фудбал.
Им честитаме на добитниците и би сакам на сите да им посакаме успеси и во оваа календарска година во која веќе започнаа натпреварувањата во сите категории, беше речено тогаш.
Посебно признание за 2014 г. доби Драгољуб Георгиевски за посебен придонес за развојот на стрелаштвото.

Деновиве пред 10 години: Дијана Неделковска спортист на Битола за 2014 година (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Победа и пораз на кадетите на Еурофарм Пелистер (фотогалерија)
- Да се потсетиме, како изгледаше црвениот пепих во 2015 година на “Браќа Манаки“ во Битола (необјавени “слики“ – фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: се одржа 36. издание на фестивалот “Браќа Манаки“ во Битола (фото)
- Николче Чкљамовски од Битола по 200-ти пат на Антена со “точак“ – крунисан за “пелистерска лисица“ (фото+видео)
- Денес е Крстовден, Воздвижение на Чесниот крст
More from ВестиMore posts in Вести »
- СДСМ го претстави кандидатот за градоначалник на Битола – Методија Куновски и листата на советници (фотогалерија)
- Илија Димовски јуниорски победник во билјард, Тони Петровски во ветерани
- Двајца ловџии од Битола уловиле две срни, полицијата ги приведе
- СВР Битола: проведување за дрога, малолетничко насилство, со “шевролет“ излетал од патот
- Зајакнување на научно-истражувачките капацитети на УКЛО Битола со значајни резултати (7)