Press "Enter" to skip to content

Жан Митрев Дијагностик Битола со бесплатни прегледи по повод Светскиот ден на слухот?

-Меѓу симфонијата на животните звуци, од шепотените тајни до громогласната смеа,  лежи императивната потреба да ги зачуваме и негуваме нашите способности за слушање.

Што е Светски ден на слухот?

Светскиот ден на слухот е годишен настан организиран од Светската здравствена организација (СЗО)  за да се подигне свеста за превенција од губење на слухот и да се промовира грижата за увото и слухот низ целиот свет. 

Денот го привлекува вниманието на значителниот број луѓе со оштетен слух и интервенциите кои се  достапни за негово лекување и спречување.

Да се потрудуме да не биде стигма намалениот слух!!!

Да се потрудиме, да го намалиме загадувањето со бучава, застапувајќи за потивки средини на работа и дома.

Да користиме заштита за уши кога сме изложени на гласни звуци.

 Да дадеме поддршка на засегнатите поединци, разбирање и поддршка на оние со проблеми со слухот,  осигурувајќи и тие се вклучени во сите аспекти на животот.

Затоа, тимот на “Жан Митрев Дијагностик Битола“ силно поддржувајќи ја оваа иницијатива на 3 март 2025 година, Ви нуди 5 бесплатни ОРЛ специјалистички прегледи со вклучена аудиометрија за пациенти со намален слух и 5 бесплатни ОРЛ консултации со аудиометрија од 1000 ден. 

Дознајте повеќе од нашиот тим:

 +389 70 408 075; +389 47 266 633; +389 47 266 631

Локација:  Ул. “Север Југ“ бр. 3  – Битола

E-Mail : infobitola@zmc.mk