Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: уапсени двајца дилери на марихуана на 19 и 26 години

На 26.02.2025 во 16.20 часот во Битола, полициските службеници од СВР Битола лишиле од слобода 19 годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба,  биле пронајдени и одземени марихиана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 26.02.2025 во 19.25 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода 29 година од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба,  биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со траги од растителна материја и други предмети со остатоци од марихуана. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »