Press "Enter" to skip to content

Библиотеката и МНД Битола потпишаа договор за соработка

НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола и Македонското научно друштво МНД – Битола потпишаа договор за заедничка соработка. Договорот го потпишаа директорката на НУУБ “Св. Климент Охридски, м-р Емилија Стефановска Давкова  и претседателката на МНД Битола – проф. д-р  Даниела Андоновска-Трајковска.

Со овој договор се потврдува досегашната соработка и се поставуваат основите за идна соработка помеѓу овие две раномирани битолски институции, а посебно ќе биде отворена и силна соработка во полето на науката.

Инаку МНД Битола кое постои 65 години има свои простории токку во Библиотеката во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »