Press "Enter" to skip to content

Нова премиера во Народен театар Битола – праизведба на претставата “Жиголо“ од Игор Кузмановски (фотогалерија)

Денес на новата сцена на Народниот театар Битола се одржа прес – конференција на која беше најавена првата премиера на Битолскиот театар, “Жиголо“, праизведба на македонскиот текст од авторот Игор Кузмановски, а во режија на Благој Мицевски.На почетокот на среддбата со новинарите директорот на НТБ Васко Мавровски ги претстави актерите и авторот на текстот за првата годинешна премиера „Жиголо“ која ќе се одигра на новата сцена, на 1 март 2025 година.-Имаме провоктивен наслов, провикативна тема, а се надевам дека сето тоа ќе биде провокација за публуката да дојде да ја гледа претставата. А и самата екипа е провокација за битолската публика. „Жиголо“ е премиера што ги брише границите меѓу маската и вистината Некои приказни се кажуваат. Некои се шепотат. „Жиголо“ е онаа што не можете да ја избегнете – ќе ве најде во очите на ликовите, во паузите меѓу зборовите, во она што се гледа, но никогаш не се кажува гласно. Оваа претстава ја истражува тенката линија меѓу улогите што ги играме и луѓето што навистина сме. Желби што се кријат зад фасади, вистини што се разголуваат во мигот кога светлата ќе згаснат, рече Мавровски, и додаде дека се заблагодарува на авторот Игор Кузмановски, кој им ги отстапи правата на НТБ и одлучи тука да биде првата изведба.

Режисер на претставата е Благој Мицевски кој за претставата рече:-Ова е претстава за искреноста. Сакам да заблагодарам на Игор за отстапувањето на текстот. Прво ни истпрати повеќе теткстови кои ги пишува, а по читање на неколку се одлучиваме за “Жиголо“, текст за кој јас би можел на направам претстава и за кое дело имам екипа. Зад овој производ стои одлична актерска екипа со голема поддршка од театарот. Со нетпрение ја очекувам премиерата. Ако треба со еден збор да кажам за што е претставата, би рекол дека тоа е искреноста, а на за встината. Тоа е нешто што многу ни недостасува и сите го посакуваме. Всушност како неискреноста не води на еден пат, не става во еден вртлог во животот кој потоа тешко се контролира и од кој не може да се излезе. Се занимававме и со тоа што е сега актуелно, карактери позајмени од видео игрите, вештачката интелегенција, виртуелниот свет, кои не ставаат во машина која не носи во вртлогот на животот. Се надевам дека како ние ја доживеавме претставата ќе ја доживее и публиката. Работиме и на тоа претставата да биде претставена во Скопје.

Aвторот Игор Кузмановски истакна дека му е чест што е во најстариот театар во Македонија и рече:-Јас имам напишано повеќе дела, ова е моја прва праизведба која се поставува тука. Среќен сум што работев со оваа прекрасна екипа, со актерите, со Благој како режисер, со Васко како директор и се надевам дека текстот ќе и се допадне на публиката. Пиесата “Жиголо“ е драма комедија, која ги поставува прашањата: Што се сме спремни да направиме за љубовта? Дали постојат граници? Дали сме спремни да преминеме преку истите?“.Во сабота навечер, пред битолската публика ќе настапат актерите Марјан Георгиевски, Соња Михајлова, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илиевски и Никола Пројчевски.

Маја Андоновска – Илиевски која ја игра улогата на Карине рече:-Ова ми е прва официјална претстава после враќањето од функцијата директор на Центарот за култура, и се радувам што сум дел од еден интересен процес, во кој истражував во себе некои актерски нови патишта. На неколку пати разговаравме со Благој што е она кое што ние како актери треба да избегаме. Истражував кој е начинот мојот темперамент да се смири и без навидум никаков напор да се раскаже една комплексна приказна, за луѓе кои секодјневно се дружат, работат, љубат, губат… Јас го играм ликот на психијатарот Карине, кај кого доаѓаат сите ликови од претствата, и на кој начин луѓето гледаат на менталното здравје денес и дали луѓето кои работат со здравјето на луѓето се грижат за своето лично ментално здравје. Претставата е премногу интимна и верувам дека публиката ќе се чуствува како да е седната во дневната соба на протагонистите, а во собата на псијатарот. 

Марјан Георгиевски кој ја игра улогата на Франческо, рече:-Ние соработуваме 10 години со Благој, од првата премиера “Без паника“ заедно со Никола со кој имавме повеќе од сто изведби. Ние имаме потреба за претставата да зборуваме долго време, но ќе мораме тоа да го направиме кратко. Сакеме да отвораме со театарот некои прашања кои се тригер во општеството, посебно кај луѓето кои ќе ја погледнат претставата. Како тие делуваат во односот на нивниот најблизок семеен систем и како истиот тој систем делува во општеството. Колки сме искени и колку користиме социјални маски за да можеме да функционираме во општеството, бидејќи велиме дека искреноста сме ја загубиле. Неизвесноста почнувајќи од семејството е огромна, и мора да направиме нешто повеќе.

На тоа актерот Никола Пројчевски која игра улогата на Оливие, додаде:-Ме радува тоа што сум дел од претставата и работам со оваа екипа. Жиголо, зошто па да не. Да се занивамаш со професија на која често се гледа како неважна, глупава, надвор од рамките на општеството. Раскажуваме и за професија која можеби не е прифатлива во тие општествени рамки. Се отвора прашањето дали треба да сме искрени, во што јас не верувам дека секогаш се треба да кажеме. Верувам дека е важна намерата со која жиголото во претставата одлучува да помогне на својата жена на која и е потребна помош во борбата со нејзината болест, а сето тоа го прави поради љубовта кон сопствената жена. Тој за мене е херој.

Соња Михајлова ја игра улогата на Елиса, а за нејзината улога и претставата рече:-Јас и ликот кој го толкувам имаме нешто заедничко, а тоа е возраста. Во различни фази од животот сите ние поминуваме различни избори, различни провокации од различни страсти, цели, но во третото доба паѓаат маските, изборите и човек се соочува многу повеќе со себеси. После сите премрежја, доживувања и лична драма на губење на партнер, сопруг, фокусот паѓа на други нешта. Во случајот, на ќерката на Елиса. Огледалото во кое се гледа себеси, трагајќи по некоја лична возбуда што животот ќе го направи побогат.

Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимите на Благој Мицевски а музиката на Марјан Неќак, драматург е Оливера Павловиќ.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »