Како и секоја година, така и и во 2015 година, во месец март со низа активности вработените и волонтерите од општинската организација на Црвениот крст од Битола, заедно со крводарителите го прославија 17 март Денот на Црвениот крст и Денот на крводарителите, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Активностите, традиционално, започнаа во во холот на НТ Битола со крводарителска акција во која битолчани даруваа крв во голем број, а вечерта се одржа и Свечена академија.
На свечената академија присуствуваа претставници од локалната сомоуправа, институции, невладини организации, крводарители и други граѓани поддржувачи на организацијата ОО на ЦК Битола, а присутни на делегациите од збратимените Црвени крстови Бугарија и Србија.
Беше прикажано на четиринаесет минутно мултимедијално видео кое со слика и тон ги покажа годишните активности на општинската организација на Црвениот крст од Битола.
За 100 дарувања посебнио признание доби Драган Стоиќ вработен во РЕК “Битола“.
Водител и домаќин на организацијата беше актерот Петар Горко кој покрај тоа настапи со групата “Калабалак“, а музичкиот дел беше изведен од: “Калабалак“, Ламбе Алабаковски и Димитар Андоновски.
Крајот на академијата се заокружи со химната на Маргарита Христова и нејзиниот
хор од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ – Битола, а бината беше преполнатата со младите волонтери на организацијата. Општинската организација на Црвен крст Битола во рамките на одбележување на 70 години од формирањето на Црвен крст на Македонија на Широк сокак организира флеш моб со симулациона вежба за реанимација.
На 10 кукли-фантом за реалистичко прикажување на реанимација, 10 волонтери, демонстратори и доктори пред многу случајни минувачи покажаа како правилно се укажува прва помош.

Деновиве пред 10 години: одбележан денот на Црвениот крст и денот на крводарителите (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Победа и пораз на кадетите на Еурофарм Пелистер (фотогалерија)
- Да се потсетиме, како изгледаше црвениот пепих во 2015 година на “Браќа Манаки“ во Битола (необјавени “слики“ – фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: се одржа 36. издание на фестивалот “Браќа Манаки“ во Битола (фото)
- Николче Чкљамовски од Битола по 200-ти пат на Антена со “точак“ – крунисан за “пелистерска лисица“ (фото+видео)
- Денес е Крстовден, Воздвижение на Чесниот крст