Во Ректоратот на УКЛО Битола на 4 март 2025 г. се одржа состанок помеѓу ректорскиот колегиум, раководен од ректорот, проф. д-р Игор Неделковски и претставници на претседателството на Синдикатот, предводени од проф. д-р Саша Дуковски.
Средбата се одвиваше во конструктивен дух, со цел анализа на досегашните постигнувања и отворање на дискусија за натамошно унапредување на работничките права на вработените на универзитетот.
Посебен осврт е направен на заедничкиот протест одржан пред една година, кога Универзитетот и Синдикатот со заеднички напори се изборија за повисоки и достоинствени плати во високото образование. Овој момент беше истакнат како пример за успешна соработка и синдикална солидарност, за што, ректорот Неделковски, на синдикалниот лидер, професорот Дукоски, му додели Благодарница како признание за напорите на Синдикатот.
Во текот на разговорот оценето е дека синдикалната борба претставува значаен чекор кон подобрување и унапредување на економската состојба на сите вработени. Истовремено, од страна на раководството на УКЛО нагласено е признанието на Синдикатот за будното следење на реалните потреби на вработените на УКЛО, како и за предизвиците со кои се соочуваат во извршувањето на своите професионални обврски.
Во фокусот на разговорите беа процесите на донесување нов закон за високото образование и нов Kолективен договор. Двете страни ја потенцираа важноста на навремена адаптација на Универзитетот кон законските промени, како и потребата за заштита на правата на вработените преку јасни и фер договорни одредби. Оценка е дека ваквите напори покажуваат дека постои свесност за значењето на постојаното унапредување на севкупните работни услови, што претставува клучен фактор за подигнување на квалитетот на наставата, истражувањето и целокупното академско работење.
Дополнително, на состанокот се дискутираа актуелните иницијативи за соработка помеѓу Синдикатот и ректорскиот колегиум. Изразена е заедничка подготвеност за континуирана комуникација насочена кон синдикални одржливи решенија што ќе го изразуваат најдобариот интерес за вработените, универзитетската заедница и високото образование.

Средба на претседателството на Синдикатот со раководството на УКЛО Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер





