Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, УКЛО Битола реализира значајна иницијатива која комбинира практична работа со силната симболика на важноста на жените и нивниот придонес во сите сфери на животот.
Благородната акција, која беше насочена на уредување на јавниот простор пред Студентскиот информативен центар, обедини вработени од Ректоратот на УКЛО и енергијата на студентите, создавајќи просторот за раст и развој и има за цел и да го прослави значењето на жените во нашето општество, нивната естетика, организираност, напори и постигнувања во академската и професионалната средина.
Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, ја поврза оваа акција со женската инспирација, истакнувајќи дека целиот процес на создавање на уреден простор е поттикнат од идејата за еднаквост и почитување на правата на жените
Претседателот на УСС УКЛО, Димитар Атансовски заедничката активност ја смета за добар чин што претставува чекор за подобар студентски стандард.
Поддршка на иницијативата со активно учество, изразија сите членови на менаџментот на УКЛО. Меѓу нив, проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска и академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска кои ја нагласуваат важноста на обновата на колаборативниот простор, интелектуалната сила на УКЛО која овој ден активира и мускули, и оттука мотото: Еманципација во акција.
На овој начин УКЛО испраќа и поширока порака дека секој организиран и уреден простор е симбол на раст и напредок, но и на борбата за еднакви можности и права. Просторот пред Студентскиот инфомативен центар се планира да прерасне во место што потсетува на важноста на жените во академската и професионалната средина.
Воедно, иницијативата на УКЛО ја истакнува важноста и активната улога на универзитетите во создавање на инклузивни и позитивни простори, кои не само што се функционални, туку и носат силна порака за социјална одговорност и почитување на правата на сите.






