Press "Enter" to skip to content

Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски“- Битола слави јубилеј, 80 години постоење, ќе го одбележи со низа програмски активности (фото)

Новиот менаџерски тим на НУУБ “Св.Климент Охридски“ од Битола денес одржа прес конференција на која го највија големиот јубилеј, 80 години постоење, институција којашто е формирана после АСНОМ, на 25-ти март 1945 година, кој ќе го одбележи со низа програмски активности и институционална промоција во државата и странство, како и со промовирање и полуларизацијата на книгата и културата.

Директорката на битолската библиотека, која ја има продавката национална и универзитетска, Емилија Стефановска – Давкова ја најави н нивната визија, и рече:-Нашата визија и иднина првенствено се темели на традицијата, но понатаму силно ќе се вложиме и во модернизирањето на сите аспекти на нејзиното сеопфатно функционирање.
Oттука, јас поставив пет стратешки приоритети, а тоа се: гарантираме пристап за идните генерации, пристап секому што сака да истражува (научна, стручна фела), да дадеме поддршка на сите истражувачки заедници во клучнитe области за обезбедување социјална и економска корист, да го збогатуваме културниот живот на нацијата и да овозможиме услови за зголемување на базата на знаење.

Поради тоа што библиотеката го носи името Универзитетска, Емилија Стефановска – Давкова рече дека развојната програма е креирана најпрво кон зголемување на соработката со студентите со намера да се зголеми бројот на студенти, тие да ги привлечеме да дојдат и да се зачленат.-Посебен акцент јас ставам на зголемување на бројот на студенти , којшто изминативе години драстично опаднал на поразителен број од само 133 корисници – студенти, па во овој поглед, ние моментално вршиме набавка на научна и стручна литература, како на македонски така и на англиски јазик и странска литература којашто е неопходна за студентите најпрво од нашиот Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола, а потоа и од
другите универзитети од нашето опкружување.

За идните активности Емилија Стефановска – Давкова додаде дека со одобрените средства од Министерство за култура и туризам за 700.000 денари се врши набавка и на најбараната литература од жанрот белетристика. Потпишан е меморандум за соработка со МНД Битола за понатамошна плодна соработка во поглед на многу нови корисници од групата на студенти, уметници, истражувачи, научници и други ентузијасти коишто ја сакаат науката и културата. Со Универзитетот “Св. Климент Охридски “- Битола ќе имаме контакт со многу професори и се дискутира на теми за раст и развој на нашите институции, за примарна дејност, збогатување на библиотечниот фонд, дигитализација на библиотечниот материјал, зачувување на збирка ракописи од роднокрајни писатели и стари раритетни книги, изработка на монографии и ретки публикации од нашиот книжевен фонд, изработката на библиографијата за Вера Стојчевска – Антиќ и Александар Стерјовски.-Тука сакам да истакнам дека публикацијата која е насловена: „НУУБ Св. Климент Охридски-Битола од 1945 година до денес“ ќе биде посебно промовирана на прославата на јубилејот 80 години од постоењето на Библиотеката, рече директорката.

Оваа национална установа им нуди можности за стручно и професионо усовршување на кадарот преку обуки, учество на семинари на домашни и странски конференции.

Во оваа област, годинава ќе се оствари билатерална соработка помеѓу НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола и градската Универзитетска библиотека во Кемниц – Германија, мeѓународна соработка со националната библиотека во Рим – Италија, кадешто е планирано претставување на 30 изданија од НУУБ „Св.Климент Охридски “- Битола и изложба на репродукција на слики од најстарите библиотеки во Битола до денес и меѓународна соработка со Националната библиотека во Валета-Малта, рече Емилија Стефановска – Давкова.Беше речен0 и дека особено внимание оваа година посветуваме и на инвестициското одржување, осигурување, адаптација и набавката на опрема, согласно дејностите коишто се вршат во оваа установа НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ги врши следните функции: набавува, чува, стручно обработува, заштитува и дава на користење библиотечен материјал, определен со Законот за Библиотеки и Законот за Култура. Ќе биде вложено и во едукација на вработените без разлика во кој период се тие вработени, а првата обука на вработените
коишто ги немаат поминато како основни обуки за библиотечно работење ќе биде во
септември 2025 година. НУ Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“-Битола ќе инвестира во набавка на метални конзоли кои ќе бидат во функција на поефикасна заштита на библиотечниот материјал на библиотеката.

-НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола од 2000 година е целосно автоматизирана и е дел од COBBISS програмата, прва во Македонија  заедно со други 17 библиотеки од Европа. COBBISS програмата постојано се надградува и сега сме во COBBISS 3, a од почетокот на јули, 2025 година преминуваме во COBBISS 4, за што вработените мора да се обучуваат со цел да се зголеми ефикасноста и ефективноста во нивното работење и резултатот на целокупшната институција, рече Емилија Стефановска – Давкова.-За доделените средства од државата во делот на инвестиции, исто така можеме да издвоиме дека за дигитална читална “Горан Стефановски“ се доделени 185.000 денари, а се
доделени и други финансии за набавка на опрема за библиотечно работење. Во делот на литературата и издавачката дејност, доделени се средства за Зборникот на излагања на Роднокрајната средба на битолските писатели во Македонија- 18.000 денари. 50.000 денари за традиционалното списание “Библиотечен тренд“ како и 100.000 денари за нашиот најзначаен проект, публикацијата „Историја на НУУБ св. Климент Охридски-Битола од основањето до денес“, на којшто јас сум автор, уредник и преведувач, заедно со мојот тим вработени како составувачи, рече Емилија Стефановска – Давкова.