Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со сигурна победа во Битола против Бутел (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Бутел 34:25 (19:13)

Еурофарм Пелистер вечерва во Битола во претпоследното коло од регуларниот дел од сезоната, пед плеј-офот забележа победа над Бутел Скопје со резултат 34:25, полувреме 19:13. На Еурофарм Пелистер уште еден меч со Прилеп за да можат да бидат први на плеј-оф табелата.“Пелистерци“ иако беа изразит фаворит на оваа средба одиграа концетрирано и борбено во текот на целиот натпревар, а Раул Алонсо им даде шанса на сите ракометари кои ги маше поставено на клупата, разбирливо дел од нив се одмараа.Гостинскиот тим добро се покажа во првите 20 минути, во кои на моменти парираше и во три наврати имаше резултатска предност, но потоа се си дојде на свое место. Еурофарм Пелистер првиот удар го зададе со серија од три гола кога од 9:9 замина на 12:9, а потоа пред паузата следеа уште три гола во низа, за високи 19:13 на полувремето.Продолжението, односно вториот дел, беше само рутина. Највисокиот плус се достигна пред финишот кога беше плус девет или конкретно, 30:21. До крајот остана истата разлика +9 (34:25).Најефикасен на натпреварот беше Филип Кузмановски со 10 гола, а Дејан Манасков запиша 7 гола.