-Како спортски новинар сум известувал за многу спорски натпревари и настани во Битола но за денешната рубрика одбрав извештај од пред 10 години, кога во Битола на стадионот, тогаш Под Тумбекафе се играше натпреварот Пелистер – Работнички, кој за жал “пелистерци“ загубија со 1:3, а тоа беше трет по ред пораз таа пролет.
Трите гола домашните фудбалери ги примија во првиот дел. Работнички е во водство од 1:0. По пет мунити гостите го постигнаа вториот гол, а во 40 минута по пеналот по одбраната на Драгојевиќ. Вториот дел од натпреварот по исклучувањето на голманот на Работнички Пелистер, по слободниот удар Тодоровски постигна гол за Пелистер.
Пелистер со третиот пролетен пораз и натаму има проблеми на секој план. Минатата седмица отказ доби спортскиот директор на Пелистер, Милош Манојловиќ.
Само по три натпревари во пролетниот дел од страна на публиката се слушнаа навредливо навивање упатено кон Управата на Пелистер, а по навредливите зборови упатени кон тренерот Хаџиевски, и самиот влезе во лична пресметка со поеднинци од трибините.
Градски стадион под Тумбе кафе – Битола. Гледачи: 1000
Главен судија: Стефче Шулески од Охрид.
Стрелци: Тодоровски во 51 минута за Пелистер, а Алтипармаковски во 10 и Илијоски во 15 и 40 минута од пенал за Работнички
Жолти картони: Миленковски, Биљали (Пелистер),
Петровиќ, Чикарски (Работницки)
Црвени картони: Ефремов во 50 и Петровиќ во 90 минута за Работнички
Пелистер: Драгојевиќ, Петрески, Смоковски (Речковски), Тодоровски, Велковски, Анастасов, Цирлидис (Билјали), Митиќ (Љамчевски), Станоевиќ, Петковски, Чесмиџиев.
Работнички: Ефремов, Сахити (Анене), Вујчиќ, Илијоски, Силјановски, Велковски, Петровиќ, Алтипармаковски (Додевски), Трајчевски, Чикарски, Илиевски (Божиновски).

Деновиве пред 10 години: еден фудбалски извештај, Пелистер – Работнички, Битола март 2015 (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- “Пауза за ракија“ и “ИКС бенд“ направија одлична атмосфера на 4. вечер на Зимската приказна во Битола (фотогалерија)
- Моторџиите на МК Конзули и Дедо Мраз по дефилето им поделија пакетчиња на дечињата од “Кочо Рацин“ – Битола (фото)
- “Уметност која ја допира душата и ја менува перцепцијата” изложба на Тони Соколовски (фотогалерија)
- На плоштадот “Магнолија“ во Битола започна Зимската приказна со улична магија (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: Еврејските гробишта ќе се преуредуваа во Меморијален парк на Евреите од Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- В сабота во Битола ревијален натпревар на ветераните по повод 70 години РК Пелистер
- ЈП “Водовод“ Битола во 2026 ќе работи на повеќе од 14 проекти во вредност од некаде 65 милиони денари
- Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 6 степени
- Дани Димитровска ги разгали битолчани на 5. вечер на Зимската приказна во Битола (фотогалерија)
- Порибување на акумулацијата “Стрежево“ со рибен подмладок – крап (фото)










