Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло, температурата до 19 степени

Денес, понеделник, 10 март, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 19 степени.

Утре, вторник, 11 март, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 19 степени.