Press "Enter" to skip to content

Вчера и денес три лица од Битола, Ресен и Велика Британија, загинаа на патните правци од Битола кон Ресен и Прилеп

Вчера околу 17.25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Битола – Ресен, кај место викано “Голема кривина Макази” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило  „фолксваген голф” со ресенески регистарски ознаки, управувано од 47 годишно лице од Ресен, патничко возило „пежо 2008″ со битолски регистарски ознаки, управувано од 51 годишно лице од Битола и патничко возило „бмв” со ресенски регистарски ознаки, управувано од 47 годишно лице од село Асамати, ресенско. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал возачот од патничкото возило „фолксфаген голф“, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „бмв“ неговата сопатничка од с.Асамати, ресенско, констатирани во Клиничката болница Битола.

На 10.03.2025 во 11.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола -Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “дачиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 37 лице од Битола, и товарно возило “ивеко“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 29 годишно лице од с.Обршани, Општина Кривогаштани. Во несреќата, на местото на настанот починале возачот на патничкото возило од Битола и сопатникот 42 годишник од Велика Британија, а смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола. Сопатникот во патничкото возило од Индија е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на помош. Увид во присуство на јавен обвинител врши увидната екипа на СВР Битол

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »