-Ротари Клубот Битола Широк Сокак и Регионалната стопанска Комора од Битола организираа форум на мошне актуелна тема: “ESG во пракса: Како да создадете долгорочен успех за вашето претпријатие“, посветена на Еколошките, Социјалните и управувачките практики во компаниите. ESG е една од најважните теми во современиот бизнис свет.И оваа година, Ротари Клубот Битола Широк Сокак и Регионалната стопанска Комора од Битола организираа Економски форум, со што се потврдува повеќегодишната успешна соработка, чија цел е поддршка на стопанствениците кои гравитираат на подрачјето на општините Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Охрид, Кичево.
Денешниот економски форум обработуваше мошне актуелна тема: “ESG во пракса: Како да создадете долгорочен успех за вашето претпријатие“, посветена на Еколошките, Социјалните и управувачките практики во компаниите. ESG е една од најважните теми во современиот бизнис свет.
Како што глобалните трендови и предизвици се менуваат, расте потребата за одговорни и одржливи деловни практики. Компаниите денес не само што треба да бидат финансиски успешни, туку треба и да го подобрат своето влијание врз животната средина, да обезбедат фер и инклузивни услови за вработените и да имплементираат ефективно управување.
Покрај присутните стопанственици, настнот побуди интерес и кај образовните институции, академската јавност и од невладиниот сектор, бидејќи една од целите на овој форум е и поттикнување на потреба за имплементација на овие теми во образовните програми на факултетите, а и темите за проекти на здруженијата, со цел да ја подигнеме свеста на граѓаните за овие практики.
Посебен акцент даде присуството на претставниците на банките и финансиските институции.
Предавачи на настанот беа г-динот Зоран Мартиновски и неговите соработници од Prime Point Partners и Prime Blue Institute (PBI), кои како експерти во областа на ESG, дадоа широка елаборација на овој овој концепт со цел што побрза и полесна негова имплементација во пракса.
Паралелно со настанот се одржа и третиот Регионален саем за поддршка на социјално одговорните претпријатија и социјалното претприемништво.
Настанот го модерираше д-р Наташа Несторовска од Ротари Клубот Битола Широко Сокак.
Пригодни обраќања имаа Димитар Велковски, претседател на Ротари Клубот Битола Широк Сокак, Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора од Битола и професорот Драган Дамјановски од Фондацијата за развој на претприемништво регионална и прекугранична соработка Битола.
Фото: Сашо Ристевски