Судијката Жаклина Доведен ќе го води Апелациониот суд во Битола, соопшти денеска судскиот совет кој на дневен ред на својата седница имаше избор на неколку претседатели на судови и судии во основите судови низ државата.
Со едногласна поддршка на членовите на Судскиот совет на Македонија десет месеци по објавениот конкурс избран е првиот човек на битолска Апелација – судијката Жаклина Доведен.
Нови 49 судии низ државава беа избрани на денешната седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
За судии на Основен суд – Битола избрани беа Марија Филиповска – Поповска, Стефан Гајдаровски, Гордана Николовска и Александра Средовска – Лазановски.