Еурофарм Пелистер – Астраион 49: 2 (младинска лига)
Младинската екипа на ракометениот клуб Еурофарм Пелистер од Битола продолжува со максимален учинок во нивната лига. Во Битола ја забележаа 9-тата подеда во 9. коло и со тоа ја продолжија 100 процентниот учинок против гостинскиот тим Астраион од Струмица.Тренерите Мемик Фарук и Митревски Кире на сите ракометари им дадоа шанса за настап, при што се сите запишаа во листата на стрелци.
Еурофарм Пелистер настапи во следниот состав: Фехми Мелин и Трсунов Атанасиј (голмани), Лозановски Леонид 1, Трајчевски Стефан 3, Лазаревски Стефан 2, Фехми Алдин 4, Марковски Јован 2, Спировски Тео 2, Трсунов Архангел 3, Ѓоргиевски Стефан 5, Буторац Карло 6, Ѓоргиевски Лука 5, Дамчевски Андреј 2, Георгиев Андреј 9, Марковски Владимир 4 и Велески Иван 1.
Овче Поле 16:39 Еурофарм Пелистер (кадетска лига)
13 та победа на кадетите на Еурофарм Пелистер од исто толку натпревари, имаат одлична статистика по победаа на гостувањето над екипата на Овче Поле.Кадети играа во состав: Фехми Мелин и Трсунов Атанасиј (голмани), Велјановски Павел 5, Лазаревски Стефан 3, Мијалчев Горазд, Атанасовски Горазд, Спировски Тео 4, Трсунов Архангел 6, Ѓоргиевски Стефан 4, Неданоски Петар, Дамчевски Андреј 8, Георгиев Андреј 4, Марковски Владимир 5 и Бошковски Антонио.
Фото: Дамијана Ристевска