Press "Enter" to skip to content

На Кавадаречкиот полумаратон Дарија Крстевска прва, Јана Стефановска трета од АК Олимп Битола

Атлетски клуб Олимп од Битола ја отвори сезоната со одлични резултати на 7. Кавадаречки полумаратон, првата трка од новоформираната Македонска тркачка лига. На патеката од 5 километри, клубот забележа два подиуми и силно присуство во конкуренцијата.

Најуспешна во женска конкуренција беше Дарија Крстевска, која триумфираше со убедливо прво место, додека Јана Стефановска со одлична трка го освои третото место. Стефановска, и покрај студиите на Медицинскиот факултет во Штип и предизвиците со тренинзите, покажа извонредна подготвеност.Покрај нив, за АК Олимп на трката настапија и Томе Кирјази, Теодор Николовски и најновото засилување во тимот, Јана Митановска, кои со своето учество во заокружија успешниот старт на новата сезона за клубот.

Голема заслуга за овие резултати оди и на адреса ма тренерот Демир Даутовски, кој континуирано работи на развојот и подготвеноста на атлетичарите. Ова е само почеток за АК Олимп, кој и оваа сезона има амбиција да доминира на македонските атлетски патеки и да остварува врвни резултати.

Следните натпревари ќе бидат уште една можност за тимот да го потврди својот квалитет и да продолжи со победничкиот ритам. АК Олимп – продолжува да биде гордост на битолската атлетика