АС Јунајтед – Топ Гол 1:2 (1:1)
Во рамките на 16 коло од ПФЛ за жени екипата на Топ Гол од Битола во гости ја совладаа екипата на АС Јунајтед со конечен резултат 1:2, а на полувреме 1:1. Стрелци на головите за Топ гол беа Милевска во 3. и Илиевска во 69. минута.
-Особено е значајна оваа победа за нас, зошто ја остваривме во гости и плус на еден од директните кандидати за избегнување на долниот дел од табелата. Натпреварот го отворивме многу рано, но по една невнимателна офсајд стапица примивме гол. Со удар од далечина постигнавме атрактивен гол и предноста ја зачуваме до самиот крај, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.
За Топ гол настапија: Талевска, Стефановски, Мојсоски, Давчева, Талевска, Шабановска, Стојчевска, Илиевска, Николовска и Милевска.
Во Следното коло Топ гол ја пречекува екипата на Атлетико во градското дерби.