-“Креативен ден“ оваа 2025 година во Битола е 4. по ред во кои учествуваат тимови од 9 градови, 8 стручни училишта кои ќе креаираат модели инспирирани од тема “Ориент“. Настанот ќе се одржи на 28 мај 2025, место на одржување Народен театар Битола.
-Тоа не е само настан, тој е мост помеѓу образованието и бизнис секторот. Професионални модни дизајнери, во улога на ментори, дизајнираат заедно со младата модна сила од текстилниот отсек во средните училишта низ Македонија. Успешните деловни жени од нашиот град и пошироко, ги презентираат креациите и ги купуваат. Собраните средства се донација наменета за повторно подобрување на практичната настава.“Креативен ден“ е иницијатива и идеја на Весна Божиловиќ продуцент и дизајнер од продукција “Божиловиќ“. На иницијативата за Денот на креативноста од првиот настан се приклучија професорките Анита Стефановска, Ема Ќука и Живка Танушевска од текстилната струка на СОУ “Таки Даскало“. По повод подготовките за 4 тиот по ред „Креативен ден“ нашиот тим ги посети во нивниот кабинет, кое е еден вид модно студио со многу цртежи, текстил, машини за шиење, готови модели со интересен дизајн и различни материјали. Тука ќе се креираат идеите за „Креативен ден 2025“, а оваа година инспирација за модните креации е „Ориент“.
Разговорот започна спонатано со организаторите на КРЕАТИВЕН ДЕН 2025, за да дознаеме повеќе за оваа единствена модна изведба, за влијанието што го има врз младите креативци и како ја преобликува перцепцијата за стручното образование.
Анита Стрефановска професор вели:
-Започнавме пред три години со првиот настан на тема „Коктел“ тоа беше нешто ново, иновативно и интересно. После настанот сите ние преморени, но среќни. Тогаш не бевме свесни дека заполчнавме нешти што ќе еволуира во нешто многу поголемо. Во текот на изминатите три години, нашиот настан го оправда своето постоење, од јавноста и особено од модните познавачи, добива признание на платформа за млади дизајнери, развој на стручно образование и одржлива мода. Она што започна како мала иницијатива, Денот на креативноста, сега се прошири на национално ниво, поврзувајќи средношколци, студенти, ментори, успешни жени и професионалци од индустријата. Низ годините теми за инспирација на моделите беа : „Коктел“, „Цвет,“ „Црно бело“. Оваа година на ум ми дојде инспирација да ни биде „Ориентот“.Живка Танушевска додава:
-Оваа година, ќе бидеме домаќини на 27 тимови од 9 градови, 8 стручни училишта. Секој тим се состои од: Талентиран ученик од стручно модно училиште. Дизајнер-ментор, кој ги води низ креативните и техничките аспекти на процесот. Успешна жена – Дама – која, ќе ја понесе креацијата со својата харизма, а со тоа , ја покажува својата општествено, социјална одговорност,јавно им го признава стекнатото знаење и вештини на младата генерација дизајнери и креативци. Настанот има силна врска помеѓу образованието и бизнисот, тоа е и слоганот на настанот – линк помеѓу образованието и бизнис секторот. Зошто е тоа важно?
Професорка Ема Ќука продолжи Една од нашите клучни цели е да ја разбиеме стигмата околу стручното образование и да им покажеме на младите дека изборот на овој пат не е само паметен, туку и возбудлив, модерен и полн со можности.-Со здружување на студенти, експерти од индустријата, дизајнери и бизнис лидери, создаваме мост помеѓу образованието и пазарот на труд, давајќи им на младите луѓе доверба да се гледаат себеси како професионалци – дури и пред да дипломираат. Покрај клучната цел, се фокусираме на одржливост, паметно купување и претприемачко размислување, охрабрувајќи ги студентите да размислуваат надвор од дизајнот, да размислуваат како модата да се вклопи во иднина, во чекор со глобалните трендови.
Ги запрашавме организаторите за ВИП гости оваа година?
-Слободно можеме да објавиме дека овогодинешниот настан ќе има ВИП имиња од модниот свет— влијателни дизајнери, деловни лидери и претставници за одржливост кои ќе ги споделат своите сознанија и искуства со нашите млади учесници. Нивното присуство не само што ќе инспирира, туку и ќе обезбеди индустриски врски во реалниот свет кои би можеле да им ги обликуваат идните кариери.Каква порака би сакале да им испратите на младите луѓе кои размислуваат за нивниот избор на кариера?
Ја запрашавме Весна Божиловиќ продуцент и дизајнер еден од иницијаторите за „Креативен ден“ да се одржува до ден денес.
-Вештините, креативноста и одржливоста се иднината, а стручното образование им дава алатки на младите луѓе да станат професионалци, претприемачи и креатори на промени. Модната индустрија брзо се менува, а стручното образование е порелевантно од кога било. Денес, модата не е само дизајн – туку иновации, одржливост и претприемништво. Сакаме младите да знаат дека изборот на стручен пат не е ограничување, туку можност да стекнете вистински вештини, да работите на вистински проекти и да влезете во индустријата со доверба. Во КРЕАТИВЕН ДЕН, ги славиме смелите идеи, талентот и иднината на етичката мода. Многу од нашите учесници кои беа минатите години добиваат отворени понуди за соработка и нивен понатамошен стручен развој, а добар дел од успешните модни салони се поранешни ученици на тимот професорки. Како што и самите знаат да кажат, гледајќи ја сопствената креација, како оживува на писта, за нив е незаборавен момент, страст која се претвора во сериозна кариера.Mаја Автаровска ученичка во 3 година за нејзиниот избор да учи во СОУ Таки Даскалот и нејзиниот избор за школување вели:
-Јас од мала возраст сонувава за ова да бидам моден дизјнер. За оваа струка разбрав кога професорките дојдоа во моето основно училиште и тогаш ми стана јасно каде ќе продолжам во средно образование. Тука ми е супер, имаам поддршка од дома, но за мене слушнаа и од моето родно место с. Могила каде зборуваат најпозитивно за мене. Имаме многу практична настава каде креираме, цртаме. Еве овие наставни часови шиеме пантолони за прв пат и за неколку часа ќе бидат готови, многу се радувам. И им препорачувам и на други вљубеници во мода и дизајн да се запишат тука.За крај кажете ни
Зошто е потребно да се поддрже модно текстилната струка. Каква е фактичката состојба и потребата на индустријата од квалификувани професионалци?
-Модната текстилна индустрија се потпира на квалификувана работна сила, а стручното образование игра клучна улога во обликувањето на идните дизајнери, кројачи, текстилни технолози и иноватори. Со поддршка на Денот на креативноста, лидерите во индустријата помагаат да се осигураат дека младите таленти ќе останат заинтересирани за професијата – што е од витално значење за долгорочната одржливост на индустријата, и беа едногласни:
-Ако денес не инспирираме и не инвестираме во млади професионалци, кој утре ќе ја води и ќе иновира во текстилната индустрија?
Жанета Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска