Press "Enter" to skip to content

Родители од Битола разговараа за врсничко насилство на работилницата на “Макпетрол“ (фотогалерија)

Попладнево во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола се одржа работилница за врсничко насилство наменета за родители. Организирана од компанијата „Макпетрол“.Работилницта е дел од „Стоп за булинг“, општествено одговорната кампања на македонската компанија. Работилницата опфати повеќе аспекти на проблемот со врсничкото насилство кои што од стручна перспектива ќе ги обработи психологот Деспина Стојановска.Средбата со родителите ќе ја водеше актерот Сашко Коцев, а зборуваа и Ивана Балаловска (психолог во ООУ “Св. Климент Охридски“), Дијана Христовска (директор во ООУ “Коле Канински“) и Слаѓања Бојаџиева (одделенски наставник во ООУ “Тодор Ангелевски“).Родителите имааа можност да се стекнат со знаења за врсничкото насилство и подетално да дознаат како истото влијание врз децата и врз учениците. Како најзасегнати и најодговорни за нив, родителите преку работилниците се информираат како можат да придонесат да се препознаат и да се разрешат ваквите случаи.Средбата беше искористена и како место каде се споделија личните искуства и приказни поврзани со булингот, но и на темата да се разговара со психологот.На работилниците учествуваа и членови на стручните служби на училиштата во Битола, кои најдиректно работат со учениците при случаи на врсничко насилство.
Ова е 11 работилница наменета за родители која што „Макпетрол“ ја организира како дел од својата општествено одговорна кампања „Крени глас против врсничко насилство“. Средбите се своевидна платформа која што овозможува за овој проблем да се разговара отворено.Во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, се приклучија 26 општини со кои што македонската компанија потпиша меморандуми за соработка. Во рамки на овие активности беа организирани работилници за ученици во повеќе од 150 основни училишта.Општествената одговорност е исклучително значајна стратешка цел на „Макпетрол“. Со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ компанијата придонесува во зголемувањето на интересот во јавноста за проблемот со булингот.

Фото: Дамијана Ристевска