Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со услови за дожд, температурата до 21 степен

Денес, среда, 12 март, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне услови за повремени врнежи од дожд со невреме. Температурата во Битола до 21 степен.

Утре, четврток, 13 март, во Битола времето ќе биде променливо облачно наместа нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи, осопбено претпладне. Попладне облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h). Температурата во Битола до 21 степен.