Денес ќе се одржи 51. седница на Советот на Општината Битола со почеток во 10 часот, а на дневер ред ќе се најдат и ќе расправа по 14 точки од дневниот ред.
Предлог дневен ред:
1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола за четврт квартал за 2024 година.
2. Предлог – Завршна сметка на Општина Битола за 2024 година.
3. Предлог – Годишен Извештај на Општина Битола за 2024 година.
4. Oдлука за измена и дополнување на одлука за извршување на Буџетот наОпштина Битола за 2025 г.
5. Одлука за обезбедување надзор за реконструкција на покривот на ООУ „Св. Климент Охридски“ Битола.
6. Одлука за давање на простории на 4 (четири) години во закуп без надоместок на Меѓуопштинското јавно претпријатие Пелалинк Битола
7. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредност на бодот за пресметување на плата на административните (државните) службеници вработени во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола за 2025 година.
8. Одлука за приклучување на објектите од областа на заштита на децата како составен дел на ЈОУДГ „Мајски Цвет“Битола.
9. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредност набодот за пресметување на плата на административните (јавните) службеници вработени во ЈОУДГ „Мајски Цвет” Битола за 2025 година.
10. Решение за давање согласност на Одлуката за усвојување на Извештајот на комисиите за попис на основните средства–мебел на ЈОУДГ „Мајски Цвет” Битола, од сметката 903 констатиран и предложен за расход.
11. Годишен Извештај за работата за 2024 годинана ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Крсте Мисирков” Битола.
12. Решение за разрешување на член во Управниот одбор на КЈПНискоградба Битола.
13. Решение за разрешување на член во Управниот Одбор на ЈОУ „Културен Информативен Центар” Битола.
14. Решение за именување членови во Локалниотсовет за волонтерство на Општина Битола