Тричлената комисија на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ги соопшти имињата на добитниците на наградата “Роднокраен автор за 2024 година“, која додели награди во четири категории.
Во категорија „Награда за животно дело на роднокраен автор од Битола“, добитник е Петре Димовски.
Во категорија „Роднокраен автор за 2024 година – поезија“, добитник е Зоран Пејковски.
Во категорија „Роднокраен автор за 2024 година – проза“, добитник е Елизабета Јончиќ.
Оваа година комисијата воведува и нова категорија – „Роднокраен автор за 2024 – Перото на библиотекарството“, а добитник е Илче Стојановски.
Наградите ќе бидат свечено доделени на 18 март 2025 година, во 12 часот, по повод 80-годишниот јубилеј на библиотеката.