Денес во малата сала на Центарот за култура Битола ВД директорот Влатко Илиевски ја претстави годишната програма која со концерот кој е закажан за 22 март започнува да се реализира.
-На оваа прес конференција сакам да ја претставам годинашната програма на Центарот за култура и да ве запознаеме за средствата кои ни се доделени од Министеството за култура. Вкупно во годишната програма се 6 милиони и 120 илјади денари, кои се поделени по дејности. Во драмска дејност за 26-ти Интернационален фестивал на монодрама Битола се доделени 600.000 денари и за гостување на НУ Македонски народен театар – Скопје со претставата „Иванов“ во режија: Зоја Бузалковска 100.000 денари. Од музичка и музичко-сценска дејност се доделени 120.000 денари за “Патување низ ехото на претците“, за концерт на Филхармонија на РСМ со диригент/солист Анна Кондратенко 150.000 денари, за престојниот концерт “Засекогаш во срцата 2025“ се 180.000 денари и за 17-ти Фестивал на музика од светот-Битола 2025 – 800.000 денари.
За средствата кои се доделени за Фолклорна дејност, Илиевски рече:
-На нашиот фестивал, “Илинденски денови“, кој е 55. по ред Републички фестивал на народни песни и игри се доделени 3.000.000 милиони денари. За етнокореолошки аспекти на фестивалските сцени“ 160.000 денари, а за 17-ти по ред Семинар за традиционална музика и игра 200.000 денари. За материјални трошоци за фестивалот доделени се 50.000 денари.
Илиевски се осврна и за доделните средства за визуелна уметност, архитектура и дизајн, за кои додаде: -За 11. Детска ликовна работилница 60.000 денари, културен моден отисок 80.000 денари, за државна изложба на детски ликовни творби 70.000 денари, а фото конкурс изложба на уметнички фотографии – 40.000 денари, за “Фото споменар – Илиндeнски денови 1973-1983“ од Атанас Нашоку Саку – 70.000 денари, групна изложба „Магма“ – 100.000 денари, за “Урбани апстракции“ – 40.000 денари, “40 години Чоканче“ – 40.000 денари и фото-споменар “Војводите од комитското“ – 60.000 денари.
Центарот за култура ќе добие и средства за инвестициско одржување во вредност од 200.о00 денари за замена на кино-платно во големата сала.
Илиевски за јубилејните настани кои ќе се одржат во Центарот за култура во Битола додаде:
-Имаме јубилеј 55 години “Илинденски денови“, 50 години детска ликовна изложба и 45 од формирањето на Центар за култура Битола, а се ќе биде во знак на големите јубилеи оваа години кои ќе се одбележат достојно со различни манифестации какои доликува.
Илиевски искажа и благодарност до Министерството за култура и до Општина Битола за помошта во различни проекти.
Сашо Ристевски