Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријава за физички напад, три лица уапсени за дрога, пронајдена марихуана, приведено лице за издржување казна затвор…

На 14.03.2025 во 04.30 чaсот во СВР Битола, А.К. (40)  од Кичево пријавил дека на ул.„Македонска Фаланга” во Битола бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 13.03.2025 во 14.20 часот на ул. „Прилепска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода три лица на возраст од 30, 32 и 32 години, затоа што при преглед кај нив, кај едно лице била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 13.03.2025 во 19.40 часот во ходник од зграда на ул. „Кланица“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола пронашле пакување со марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 13.03.2025 во 11.10 часот на ул. „Девеани” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.К. (53) од село Пештани, охридско. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Охрид за издржување казна затвор од една година. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

На 13.03.2025 во 20.50 часот во СВР Битола, К.Д.(29)  од Битола пријавила дека на ул. „Александар Турунџев“ во Битола била касната од куче скитник.

На 13.03.2025 во 21.00 часот во СВР  Битола, Б.Н.(51) од Битола пријавил дека  на ул.„Новачки Пат”  во Битола бил каснат од куче скитник.  

More from ВестиMore posts in Вести »