Press "Enter" to skip to content

Со дебата на тема поврзана со европското проширување, започна Франкофонската пролет во Битола (фото)

Француската Амбасада во Скопје/Француското конзуларно претставништво во Битола , во соработка со Europe House Bitola организираа дебата на тема: „Дали има алтернатива за ЕУ “ со своите гости, експертот Лукаш Мацек од Центарот Grande Europe при Институтот Жак Делор и Директор на Кампусот за политички науки / Sciences Po во Дижон и Миа Матковиќ, експерт на Француската влада во Министерството за европски прашања во нашата земја.Пред бројната публика во Офицерскиот дом, составена од млади, студенти од УКЛО, ученици од билингвалните паралелки и од други средни училишта, академски и наставнички кадри, дипломатски претставници, претставници од невладиниот сектор, францускиот експерт, господинот Мацек го пренесе и искуството на Чешката република во нејиниот процес на приклучување во ЕУ.Одговараше и на прашањата од исклучително проактивната публика која што со голем интерес го проследи неговото инспиративно излагање.За атмосферата, свој придонес имаше и посебно дизајнираниот простор од домаќините на настанот, Europe House Bitola, во којшто доминираше клучниот збор на настанот ЕДИНСТВО.Како што впрочем, и покрај сите различности Франкофонијата , со своите универзални вредности во културно и јазично единство ги обединува државите, ги обединува луѓето од сите континенти.Со овој прв настан , на 13 март 2025 година, во Битола започна Месецот на Франкофонијата, започна Франкофонската пролет.

More from ВестиMore posts in Вести »