Директорката на гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола – Лидија Споа и нејзиниот тим одржаа средба со сите учесници и нивните ментори кои учествуваа и ја подготвија свечената академија по повод одбележувањето на големиот јубилеј 80 години настава на македонски јазик во Горната гимназија во Битола.На средбата која синоќа се одржа во кафе барот “Манаки“ во Битола присуствуваа сите учесници кои заедно со своите ментори се дружеа и се потсетија на се она што во месеците пред одбележување на јубилејот вредно го сработија и на големата сцена на Центарот за култура во Битола одлично го презентираа.
-Атмосферата беше полна со емоции, позитивни впечатоци, многу насмевки и импресии, односно одлично дружење со нашите млади ученици и матиранти. Секако средбата имаше и работен дел на кој “паднаа“ креативни идеи за наредниот период, за нови активности кои ќе се организираат во знакот на Јубилејот, рече директорката Лидија Споа.
Инаку, да потсетиме одбележувањето на големиот јубилеј беше на 6 февруари, кога се одржа завршниот настан.
На свечената академија на која присуствуваше и претседателката на Република Македонија – Гордана Силјанова – Давкова, која имаше и обраќање.
Свечената академија заврши со претставата “Експериментум Македоникум“ на која учествуваа голем број ученици и преку драмска игра беше испратена пораката дека нашата литературна историја е дел од светската литературна историја.
Текст и фото: Дамијана Ристевска