Press "Enter" to skip to content

Во организација на Битолското друштво од Сиднеј за 8. Март сите битолчани на едно место, во спортскиот центар “Илинден“ (фото)

Од Сиднеј, Славица Марцевска

Во саботата на 8. Март најсвечено беше прославен интернационалниот ден на жената со забава во убавиот спортски центар “Илинден“ во населбата Рокдаел Нов Јужен Велс и во организација на Битолското друштво на чело со претседателот Лупчо Ангелевски и Николина Ангелевски како и сите помагатели.Програмата ја отвори Претседателот со поздравен говор и некои деталности за работата на друштвото. Имам сознание дека друштвото постои и работи околу 35 години и дел од приходот од или придонесите од присутните се за помош во Битола, за болницата золошката градина и за многу други потреби.Салата беше преполна со гости уште при влезот во салата на секоја жена и беше подарена црвена ружа во чест на празникот имаше многу убаво јадење и пијалоци во изобилство за тоа голема благодарност на Милева и Никола Димовски од “Битола Кетеринг“.  Групата “Ариа бенд“ ги забавуваше присутните со убави песни ора како и малку забавна музика. Жените беа убаво и празнично облечени навистина убави луѓе Сите распеани разиграни и весели до раните часови во ноќта. Исто така имаше богата лотарија и среќни добитници…Да спомнам дека битолското друштво организира забави двапати во годината кое што не само што им дава можност на битолчани и други да се забавуваат но исто имаат прилика
да се видат со многу познати со кои не сме се виделе можеби доста долго време. Бидејќи Сиднеј е многу голем град со повеќе од 6 милиони жители распрснати насекаде. Исто и темпото на животот е многу брзо за некои им треба еден саат и повеќе да стигнат до некого да се видат.

Така вечерта помина во многу убава атмосфера и расположение голема благодарност на битолското друштво и многубројните спонзори.

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »