Чаир – Пелистер 64:69
Вечерва на Чаир, Скопје екипата на Пелистер од Битола дојде до тешка победа над Чаир 2030 на гостински терен со резултат 64:69 и се искачи на делба на третата позиција со Кожув во Првата лига на Македонија.
Екипата на Пелистер добро го отвори натпреварот кој направи солидна разлика но следеше добра игра на Чаир. Потоа Пелистер се консолидира и по десет минути игра имаше 18:19. Битолскиот состав ја продолжи добрата серија и во вториот период, поведе и со 20:31, за втората четвртина да биде со резултат 12:15, а на одбор се отиде до резултат 30:34 за екипата на Пелистер.
По одморот, во третата четвртина Чаир се врати, поведе со 41:40 и оттогаш започна вистински првенствен натпревар со многу драма. Двете екипи се менуваа во водството, а на крај на третата четвртина екипата на Пелистер имаше еден поен предност, 49:50.
Последната четвртина започна со “реми“ 50:50, а Пелистер потоа имаше 52:57. Шкупи намали на -1, 58:59, а на три минути пред крајот Шкупи имаше предност од 62:61. Прашањето околу победникот се реши на самиот крај, кога Антоан и Галовеј од Пелистер врзаа четири поени, за 62:65. Тоа беше знак за тајм-аут на домашниот тренер, по кој чаирчани реализираа две слободни преку Какруки. Остана минута до крајот, во која битолчани направија серија од четири поени на Антоан и Мишковиќ, па ја осигураа победата.
Најефиксен кај Пелистер беше Никола Мишковиќ со 20 поени, пред Џонатан Галовеј и Брајан Антоан со по 15 постигнати поени.